Најдобриот португалски фудбалер Кристијано Роналдо вели дека воопшто не е нервозен пред првиот натпревар на Европското првенство. Тој исто така вели дека е фокусиран само на Португалија и дека не размислува за неговиот статус во Јувентус.
Португалците се наоѓаат во групата Ф што всушност е „група на смртта“. Тие играат со Унгарците, Французите и Германците, а веќе во вторникот нивни ривал ќе биде селекцијата на Унгарција во Будимпешта. Кристијано вели дека има големо искуство со играње на Европските шампионати, но дека сепак има чувство како ова да е негово прво натпреварување.
„Со години играм на највисоко ниво и почетокот на натпреварувањето не ми предизвикува нервоза. Така беше кога имав 18 или 19 години. Имаше некаква внатрешна борба и сега кога имам 36 години, што и да се случи, дефинитивно ќе го дадам својот максимум. Во моментов не размислувам за својата иднина во Јувентус и фокусиран сум исклучиво на Европското првенство. Вие не играте често на толку голем турнир. Ова ќе биде мое петто ЕП, но се чувствувам како да е прво. Сакам да започнеме на вистински начин, со победа. Треба да одиграме добар натпревар и да бидеме позитивни од првиот до последниот меч“, изјави Роналдо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА