УНГАРИЈА – Аутсајдерот во „групата на смртта“

Во рамките на медиумската „експертска мрежа на Гардијан“ за EВРО 2020, чиј дел е и ЕКИПА, заедно со вкупно 22 европски медиуми меѓу кои и со „Газета дело Спорт“ (Италија), „Ел Паис“ (Шпанија), „Ди Цајт“ (Германија), „Франс фудбал“ (Франција), „Блик“ (Швајцарија), ви ги пренесуваме комплетните информации за сите репрезентации учеснички на Европското првенство 2020

Португалија е дел од „групата на смртта“ на овој европски шампионат, но барем на првиот меч со Унгарија оваа селекција не би требала да има проблеми да стигне до трите бода.

За ЕКИПА пишува: Matyas Szeli for Nemzeti Sport

Твитер профил: @mettszeli

Ова ќе биде навистина едно посебно Европско првенство за унгарските навивачи бидејќи е прв голем турнир на кој тимот може да игра на домашен терен пред своите навивачи на „Пушкаш Арена“. Новиот стадион во Будимпешта беше домаќин на неколку значајни средби изминатата езона, како што се натпреварите во Лигата на шампионите и Суперкупот на Европа, воведниот натпревар против Португалија ќе биде само вторпат Унгарија да игра пред своите навивачи на едно големо натпреварување..

Избраниците на Марко Роси се квалификуваа на турнирот по драматичната победа во плеј-офот против Исланд, што значи дека ќе можат да ги одмерат силите на своето второ Европско првенство по ред. Сепак, ова е многу изменета страна од онаа во Франција пред пет години, со ветераните Габор Кирали, Роланд Јухаш и Золтан Гера кои веќе не се дел од составот.

Италијанецот Роси беше назначен во 2018 година и тој се залага за игра базирана на посед со брзи контранапади ако е возможно. Доколку има можност, тој сака тимот да игра директен фудбал, користејќи долги додавања зад првотивничката одбрана. Адам Салаи можеби не е „најефикасниот стрелец“ но може да биде многу корисен во задржувањето на топката или да им ја пренесе на побрзите тркачи во тимот, како што е Ролан Салај.

„Јас не сум голем обожавател на губење и трошење време, сакам да бидеме агресивни“, рече Роси за тактиката, која пред неколку години на шега беше наречена „гулаш-притискање“. „Ние сакаме да ги принудиме противниците да прават грешки во својата половина, додека го градиме нашиот напад од позади, преземајќи пресметани ризици. Наша цел е да бидеме храбри, да трчаме многу и да ја притискаме средината на противникот“.

Во моментот Роси се залага за формација 3-5-2, градење на нападот од назад, пристап помогнат од голманот Питер Гулаши. Доколку има време и простор, еден од централните бекови, Вили Орбан или Атила Салаи, ќе се обиде да ја носи топката кон средината на теренот. Доколку Филип Холендер игра на позицијата лев бек, тој честопати веќе бил двигател на нападот, евентуално сечејќи внатре за да шутира или да се комбинира со креативното срце на тимот. Сепак, Роси треба да размисли и да најде решение за тоа кој ќе биде крилниот бек и големото прашање е кој ќе игра наместо повредениот офанзивен играч за врска Золт Калмар. Адам Наги веројатно ќе биде поповлечен централен играч за врска со Ласло Клајнхајлер и Собослај (во зависност од неговата кондиција).

Квалификациите за Евро 2020 и пласман во Лигата А во Лигата на нациите доведоа до оптимизам во Унгарија и тие имаа добри резултати наесен и покрај тоа што Роси имаше состав разорен од коронавирус и повреди. Сепак, проблемите со повредите на Собослај и „групата на смртта“ што се состои од Франција, Германија и Португалија значи дека претстојат големи предизвици пред нив.

СЕЛЕКТОРОТ

Пред првиот натпревар на Марко Роси како селектор на Унгарија, италијанскиот тренер испрати срдечна порака до својата баба, која почина во 1994 година и која во детството му раскажувала приказни за „Силните Унгарци“.

Поранешниот дефанзивец порасна во северна Италија и дојде во Торино. Подоцна играше за Кампанија на југот во 80-тите години на минатиот век и токму таму ја запозна својата сопруга Мариела, која работеше како туристички агент. Двојката се сретна кога Марко ја посети нејзината канцеларија за да добие авионски билет за Торино. Тие имаат две деца, од кои едниот е професионален ватерполист.

ИКОНАТА

Доминик Собошлаи е идната суперѕвезда на Унгарија, тој неодамна стана најскапиот играч во историјата на оваа земја со трансферот во Лајпциг вреден 20 милиони евра. Фактот дека има само 20 години е веројатно причина помладата генерација да може толку лесно да се поврзува со него. Тој беше избран за унгарски спортски човек на годината во 2020 година и неодамна започна свој тим за е-спортови.

Тетоважата на левата рака на Собошлаи гласи: „Талентот го дава Бог. Но, без одлучност и жртва, не вреди ништо“.

НАЈСРЕЌЕН ОД ОДЛОЖУВАЊЕТО НА ЕВРО 2020

Вили Орбан, многу важен член на одбраната кој би го пропуштил турнирот доколку се одржеше во 2020 година, бидејќи во ноември 2019 година претрпе сериозна повреда на коленото. Тој играше за Лајпциг по шестмесечно отсуство, па затоа можеше да влезе во составот, но немаше да биде во стопроцентна форма пред една година.

ВЕРОЈАТЕН СОСТАВ (3-5-2): 

Гулаши – Ланг, Орбан, А. Салаи – Фиола, Наѓ, Клајнхајлер, Собошлаи, Холендер -. Салаи, Салај

ШТО ПЕАТ ФАНОВИТЕ:

Песната „Az éjjel soha nem érhet véget“ од 1998 година (Ноќта никогаш не може да заврши) стана химна на унгарските навивачи. Некои веќе ја испеаја во 2015 година против Грција. Тоа беше една од тематските песни на Европското првенство во 2016 година и веројатно ќе биде и оваа година, будејќи слатки спомени од спонтаното забавување што избувна низ целиот град по натпреварите во групната фаза на ЕВРО 2016.

ШТО ВЕЛАТ ФАНОВИТЕ:

„Ria, Ria, Hungária“ во основа значи напред Унгарија.

„Hajrá Magyarok“ значи – „Ајде да одиме Унгарци“, „Hajrá“ беше збор што го користеа војниците за време на Унгарската војна за независност од 1848–1849, тој најверојатно се најде на патот кон спортот преку лов каде ловџиите го користеа зборот за да ги охрабрат изморените ловечки кучиња.

Се вчитува...