ПСЖ не ги пушта Нејмар и Маркињос на Олимписките игри во Токио

Фудбалерите на ПСЖ, Бразилците Нејмар и Маркињос не добија дозвола од францускиот клуб за учество на Олимписките игри во Токио. Барањето на Фудбалската федерација на Бразил да им се дозволи напаѓачот и дефанзивецот на „светците“ да учествуваат на Олимписките игри било одбиено.

Според „ЕСПН“, тандемот фудбалери на ПСЖ во моментов учествува со националниот тим на Копа Америка, што се одржува во Бразил.

Нејмар и репрезентацијата имаат два медала од најголемиот спортски фестивал во светот злато во 2016 година и сребро во 2012 година. Марињињос беше дел од тимот кој триумфираше во 2016 година во Рио де Жанеиро.

Олимписките игри во Токио се на програмата од 23 јули до 8 август и секоја екипа има можност да пријави тројца фудбалери постари од 23 години.

 

 

 

Се вчитува...