Судија надвор од Европа ќе ја дели правдата на вториот европски меч на Македонија на големите натпреварувања, откако УЕФА го номинираше Аргентинецот Фернандо Андрес Рапалини за главен арбитар за нашиот дуел со Украина, што в четврток ќе се игра во Букурешт.
Овој 43-годишен арбитар влезе во историјата како прв судија надвор од „Стариот континент“ што е избран за еден европски шампионат. Во кариерата има судено бројни средби во Копа Америка, аргентинското првенство и на јужноамериканските натпреварувања, па интересно ќе биде да се види каков критериум ќе наметне на дуелот меѓу две европски селекции.
Негови помошници ќе бидат Хуан Пабло Белати и Диего Бонфа од Аргентина, четврти судија е Славко Винчиќ, а одлуките во ВАР-собата ќе ги носи Шпанецот Алехандро Хернандез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА