Шведска потврди: Кулушевски го победи коронавирусот, се враќа на ЕВРО 2020

Шведска потврди дека напаѓачот на Јувентус, Дејан Кулушевски ќе биде достапен за остатокот од Европското првенство и ќе се врати од карантин. Кулушевски беше во изолација заедно со играчот од средниот ред на Болоња, Матијас Сванберг, откако тие беа позитивни на коронавирусот неколку дена пред стартот на ЕВРО 2020

Позитивните резултати на Ковид-19 беа удар и за навивачите и за шведската репрезентација, па Кулушевски и Сванберг го пропуштија првиот натпревар на ЕП против Шпанија, што заврши со 0-0. Сепак, пристигна радосна вест за скандинавската селекција, двајцата фудбалери се пред целосно закрепнување и ќе бидат подготвени за следните натпревари.

„Дејан Кулушевски и Матијас Сванберг ќе се приклучат на тимот, повеќе не се заболени од Ковид-19“, беше објавено од Шведската Фудбалска Федерација.

Кулушевски е една од најголемите ѕвезди во Шведска. Во отсуство на Златан Ибрахимовиќ, тие очекуваат тој да биде главен играч на оваа генерација.

Се вчитува...