УЕФА им врати на Грците: Нема зошто Македонците да го менуваат својот дрес

УЕФА експресно ги отфрли грчките обвинувања дека треба да дојде до промена на македонскиот дрес на ЕВРО 2020, поради логото на ФФМ кое стои на опремата на нашиот национален тим.

Ставот на Грците најпрвин експресно беше демантиран од Министерот за Надворешни Работи, Бујар Османи, кој објасни дека ФФМ нема обврска за промена на називот согласно Преспанскиот договор бидејќи не станува збор за институција што е финансирана од државни пари.  Сличен одговор денеска нашиот јужен сосед доби и од УЕФА, од каде јасно им ставија на знаење на Грците дека нивното барање е апсолутно неосновано.

„УЕФА го користи терминот „Фудбалска федерација на Северна Македонија“ во официјалната комуникација, тоа е адаптирано во официјалната терминологија за ЕВРО 2020. Исто така, сакаме да потенцираме дека нема да дозволиме европскиот фудбал да стане место за пренесување било каква политичка порака и ќе продолжи да ја брани својата политика на неутралност. Во овој случај, Република Северна Македонија е пријавена дека ќе игра на фудбалскиот турнир со кратенката „ФФМ“ на својот дрес, односно иницијалите на Фудбалската Федерација која го нема променето името според Преспанскиот договор. Исто така, во телевизискиот пренос и кратенката ќе се користи кратенката „МКД“ за Република Северна Македонија“, се вели во одговорот на УЕФА до Грција.

Се вчитува...