УЕФА денеска објави видео во кое претставници на сите 24 репрезентации на ЕВРО 2020 испраќаат пораки до Кристијан Ериксен, кој се рехабилитира во клиника во Копенхаген по срцевиот удар што го преживеа за време на мечот со Финска.
Во име на македонскиот национален тим се појави капитенот Горан Пандев, кој му посака на асот на Интер што побрза рехабилитација и враќање на фудбалските терени.
„Чао Кристијан, поздрав од мое име и од името на моите колеги. Ти посакуваме што побрзо закрепнување, те чекаме уште посилен на теренот. Сите сме со тебе“, порача Пандев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА