Дешамп: Срамота, можеше да се случи голема катастрофа (ФОТО)

Најинтересниот натпревар од првото коло на Европското првенство и припадна на Франција која славеше со 1-0 против Германија, но одличниот натпревар остана во сенка на инцидентот пред почетокот на мечот.

Имено, непосредно пред почетокот на „Алијанц Арената“ слета параглајдерист и активист на ‘Гринпис’ со цел да изврши влијание на светската јавност за глобалното затоплување и загадувањето, но малку фалеше озбилно да настрадаат луѓето на стадионот.


По натпреварот жестоки реакции имаше и селекторот на Франција, Дидие Дешамп кој го осуди овој потег, велејќи дека за среќа била избегната поголема катастрофа.

„На почетокот мислев дека тоа е нешто што е планирано. Беше драматично, но замалку ќе имаме катастрофа. Тоа е срамота. Среќа немаше потешко повредени, само една личност во публиката која помина со мали повреди. Можеше да биде многу посериозно од тоа. Што е до нас, моравме да побегнеме од клупата. Имам мала џумка бидејќи удрив со главата во клупата“, изјави по мечот селекторот на Франција.

Се вчитува...