Македонија утре ќе се сретне со Украина во вториот натпревар од Европското првенство. Дефанзивецот на Украинците, Серхеј Кривцов вели дека нема слаби репрезентации на шампионатот и мора максимално сконцентрирани да влезат на мечот против Македонија.
„Фокусиран сме и размислуваме за следниот противник. Многу зависи од оваа средба. Оние кои играа против Холандија имаа тренинг за закрепнување, други максимално го одработеа тренингот. Во иднина, ќе работиме на тактички план за натпреварот со Македонија. Нема слаби екипи на Европското првенство. Во Македонија има многу играчи кои играат во европски лиги. Не треба да ги потценуваме“, изјави Кривцов.
За потсетување натпреварот меѓу Македонија и Украина ќе се игра утре на Националната арена во Букурешт со почеток во 15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА