Аргентина и Уругвај ќе се сретнат во второто коло од групата „А“ во рамките на Копа Америка ноќта помеѓу петок и сабота во 2 часот. На првиот натпревар Аргентина одигра нерешено со Чиле 1-1, додека ова ќе биде прв натпревар за Уругвајците во континенталниот шампионат.
Дуелот на големите ривали ќе биде можност за големите пријатели Лионел Меси и Луис Суарез, кои со години го носеа дресот на Барселона заедно, повторно да бидат на спротивните страни на теренот.
„Кога ќе започне играта, пријателството завршува. Јас не сум пријател со Меси на теренот. Истата ситуација е кога Атлетико игра против Барса. Сакам мојот тим да победи и ќе сторам се за тоа. По 90 минути, сè преходно останува исто“, рече Суарез.
Одличниот напаѓач верува дека неговата репрезентација има шанси за победа, иако Аргентина е благ фаворит на овој натпревар.
„Тие имаат одличен тим. Особено во нападот, каде се ужасно опасни. Сепак, како и секој тим, тие имаат свои слабости. Наше е да ги искористиме максимално и да се обидеме да го отвориме првенството со триумф“, истакна асот на Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА