Украинскиот голгетер, Роман Јаремчук е свесен за значењето на утрешниот натпревар против Македонија. Украинците го загубија премиерниот дуел со Холандија, па не смеат да си дозволат нов неуспех доколку сакаат да си ги задржат шансите за осминафиналето.
Македонија е дебитант на големите натпреварувања, но Јаремчук е свесен дека дуелот со „црвено-жолтите“ во Букурешт нема да биде нималку лесен.
„Според мене ова ќе биде еден од најтешките напревари за украинската репрезентација. Многу луѓе ја потценуваат Македонија, но ние го почитуваме противникот и ќе сториме се за да стигнеме до победата. Мораме да се фокусираме на нашата игра, на наметнеме темпо што ќе ни овозможи да стигнеме до посакуваниот резултат. Македонија можеби нема играчи на нивото на Депај, Де Јонг и Вајналдум, но оваа селекција ја криси извонреден тимски дух. Имаат добро зацртана тактика, се борат на сите делови од теренот, така што овој меч ќе биде многу тежок за нас“, изјави Јаремчук.
Мечот меѓу Македонија и Украина на програмата е утре со почеток во 15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА