Македонскиот ракометен репрезентативец, Дејан Манасков одигра одлична сезона во дресот на унгарскиот Веспрем. И покрај тоа што унгарскиот гигант ја изгуби титулата во домашното првенство од Пик Сегед и не се пласираше на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите, Манасков може да биде задоволен од неговата игра.
Тој со 166 гола е на делба на втората позиција сезонава во тимот на Веспрем заедно со Швеѓанецот, Андреас Нилсон. Единствен поефикасен од нашиот интернационалец е српскиот бек, Петар Ненадиќ кој заврши со 172 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА