ЕКИПА во Букурешт,
Владимир Булатовиќ
Маестро Симон Трпчески, еден од најголемите македонски уметници на денешницата, вечерва одржа извонреден концерт во „Сала Радио Букурешт“ во романската престолнина.
Познатиот музички амбасадор на Македонија во друштво со неговиот брат Јован Трпчески, како и колегите од Романија, Сорин Спасиновиќ и главниот диригент на оркестрите на Македонската, Енеску и Трансилванската филхармонија, Габриел Бебешелеа, беа главна поддршка на Пандев и компанија за време на првиот историски натпревар на Македонија на Европското првенство во Букурешт.
А, вечерва во Букурешт Трпчески одржа извонреден концерт, носејќи го и дресот на македонската репрезентација. Како во многу наврати досега Симон Трпчески уште еднаш на маестрален начин, со поддршка за црвено-жолтите бод, и ја искажа и својата припадност и огромна љубов кон земјата и пред романската публика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА