ЕКИПА во Букурешт,
Владимир Булатовиќ, Никола Станикевски, Роберт Спасовски (ФОТО)
Фудбалската репрезентација на Македонија денеска ја очекува натпреварот од 2. коло од групата Ц на Европското првенство против репрезентацијата на Украина. Селекторот на „црвено-жолтите“, Игор Ангеловски на вчерашната прес-конференција изјави дека Украина има одлични индивидуалци, но и нашата репрезентација воопшто не е наивна.
„Украина е исклучително квалитетна, а тоа се виде и со Холандија, кога од 0-2 успеаа да стигнат до 2-2, иако на крајот го загубија тој меч. Јермоленко, Зинченко, Малиновски и останатите се одлични фудбалери, добри индивидуалци кои играат во елитни клубови, ама и Македонија има одлични фудбалери, кои веќе многупати докажаа дека може да се носат со сите“, изјави селекторот Ангеловски на вчерашната прес-конференција.
Натпреварот кој ќе се игра на Националната арена во Букурешт меѓу Македонија и Украина е закажан за 15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА