Се за Украина пред мечот со Македонија: Шевченко…, Малиновски…, што велат фановите.., кој е пандемискиот херој!

За ЕКИПА пишува: Игор Семјон (ua-football.com – Украина)

За Украина ова е трето учество на eвропските првенства, но првпат како победник во квалификациската група со директен пласман и без потреба од играње плеј-оф. Фактот што во квалификациската група се најдоа пред европскиот шампион Португалија, учеството на ЕВРО го прави уште послатко.

Голем чекор за украинскиот фудбал, а цела јавност се надева дека ќе успеат за првпат да ја поминат групната фаза и да го направат најдобриот пласман во историјата на фудбалот. Цела нација верува дека тимот е подготвен за нокаут фаза, а големиот развој на тактички план е голема причина за верување дека може да се пласираат понатаму. Во текот на квалификациите за ЕВРО 2020, Андриј Шевченко најчесто играше во формација 4-3-3, но по пандемијата тренерскиот кадар почна да експериментира со почетната формација, а опција е да се игра со тројца во линија во одбраната.

Целиот план на играта е изграден околу двајцата креативни среднисти, Олександр Зинченко (кој во Манчестер Сити игра на бек) и Руслан Малиновски од Аталанта. Ги прати карпа како Тарас Степаненко од Шахтјор Доњецк. Напред се ќе зависи од од играчот на Гент, Роман Јаремчук кој има одлична сезона зад себе. Најсилен дел од екипата веројатно се голманите, Георги Бушчан од Динамо Киев каде за првото место ќе се бори со Андриј Лунин од Реал Мадрид.

Навивачите во Украина очекуваат многу од екипата, но тренерот Андриј Шевченко инсистира дека тие работи не се прават преку ноќ.

„Минималната цел е да ја поминеме групата. Имаме добра млада екипа и ако играчите се добро подготвени и поминеме без повреди тоа можеме да го направиме“.

На видикот сепак има и облаци. Почетокот на квалификациите за Светското првенство заврши со три нерешени во три натпревари, што доведе до тоа иднината на Шевченко на клупата да е под знак прашалник. Тој откри дека еден ден би сакал да работи во Италија.

„Кога ќе заврши мојата авантура со Украина би сакал да работам во некој клуб. Во моментов сум сконцентриран на работата во репрезентацијата и подготовките за ЕВРО, но потоа ќе морам да размислам и да погледнам неколку опции“.

Секако прво важно е Европското првенство и соочувањата со Холандија, Македонија и Австрија. Украина може да испише историја.

СЕЛЕКТОР

Шевченко е добитник на „Златната топка“ во 2004 година и веројатно еден од најголемите современи херои во државата, но тоа не го спасува од критики. Земјата во моментов поминува во процес на „украинизација“, а Шевченко многу се критикува поради тоа што не говори добро украински. 44-годишникот течно говори англиски, руски и италијански, а вети дека наскоро ќе одржи прес-конференција на украински јазик. На прашањето за идентитетот, Шевченко одговори: „Живеам во Лондон, сопругата ми е Американка, децата имаат двојно државјанство, но јас сум Украинец“. Наводно сопругата Кристен Пацик ја запознал на „афтерпарти“ на Џорџо Армани во 2002 година. Во слободно време сака да игра голф. Шевченко за Украина имаше запишано повеќе од 100 настапи, па се очекува да се види може ли тоа да биде адут на првенството.

ИКОНА

На фудбалерот на Аталанта, Руслан Малиновски неговиот статус во Украина е вистински парадокс, бидејќи е сакан на целата територија на државата. Тој е вистински фамилијарен човек. „Не постои совршенство, секогаш можете да тежнеете кон подобрување. Секогаш од себе барам максимум. Секогаш мислам дека можам да играм уште подобро и уште повеќе да и помогнам на екипата“. Секое споменување на Малиновски во Италија, се споменува во сите медиуми во Украина, а многу често се појавува и во рекламни спотови. Семејните видеа на Малиновски за кои е задолжена неговата сопруга, привлекуваат големо внимание на социјалните мрежи.

ВЕРОЈАТЕН СОСТАВ: Георги Бушчан – Олександр Караваев, Серхек Кривцов, Микола Матвиенко, Витали Миколенко – Тарас Степаненко, Олександр Зинченко, Руслан Малиновски – Андриј Јармоленко (или Виктор Циганков), Роман Јаремчук, Виктор Циганков.

НАЈСРЕЌЕН ОД ОДЛОЖУВАЊЕТО НА ЕВРО 2020

Артем Беседин несомнено имаше голема корист од одложувањето на шампионатот. Во декември 2019 година беше суспендиран на една година поради допинг. „Многу се шегуваат дека јас сум тој кој најмногу имал корист од карантинот, бидејќи ЕВРО 2020 е одложено. Секако, лошо е што луѓето се заразуваат и умираат“, изјави Беседин.

ШТО ПЕАТ ФАНОВИТЕ

 „Chervona ruta“ е евергрин, украински голем хит и симбол на единството и неуништливиот дух. Често се пее на украинските стадиони, а на меѓународните натпреварувања ја претставува украинската култура. Во 2018 година песната доби посебно значење за репрезентацијата на Украина. „Една Украина, една репрезентација“. Нека „Chervona ruta“ го надахне нашиот тим за нови победи и успеси. Слава на Украина“, изјави  претседателот на Фудбалксата федерација на Украина, Андриј Павелко.

ШТО ВЕЛАТ ФАНОВИТЕ

“Ми на Євро“ – „Ние сме на Европско“ е едноставна, но многу значајна фраза за Украинците, која стана позната откако Олександр Зинченко ја прослави победата против Португалија во квалификациите за шампионатот.

“Шева – кум Павелка“ – „Шева е кум на Павелко“, фраза која е напад на оние кои ја критикуваат екипата по поразите или лошите партии. Шевченко е кум на едно од децата на Павелко.

“Зіна і Маліна“ – „Зина и Малина“ е мелодична игра на зборови комбинирана од кратенки на двајцата најдобри фудбалери, Зинченко и Малиновски.

ПАНДЕМИСКИ ХЕРОЈ/ НЕГАТИВЕЦ

Грижата што ја покажа голманот на Реал Мадрид, Андриј Лунин за фановите е импресивна. Во тренинг центарот на тимот многу од играчите на Реал ги игнорираа фановите, но Лунин пронајде време да им даде автограм на сите присутни. Го сметаа за вистински пример за сите во Шпанија.

https://twitter.com/AS_TV/status/1363888820534587396

Официјалните лица во фудбалската федерација на Украина кои дозволија натпреварот против Швајцарија во Лигата на нации да не се одигра и со тоа Украина да загуби со службени 3-0 се вистинските негативци. Нивната неподготвеност да најдат нов тим за натпреварот ја чинеше репрезентацијата место во А-дивизијата од натпреварувањето.

Се вчитува...