Македонско-украинска љубов: „Ние сме браќа, и така ќе бидеме засекогаш“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Букурешт,

Роберт Спасовски (ФОТО)

Македонските и украинските навивачи заеднички во центарот на Букурешт го очекуваат натпреварот меѓу двете селекција на националната арена од 15 часот.

Фановите и од двете земји постојано се пратени од полициски сили, но онака само колку за придружба, затоа што во центарот на романската престолнина владее вистинско заедништво.

„Ние сме браќа, Македонија и Украина. И така ќе биде засекогаш“ – порачуваат Македонците и Украинците од центарот на Букурешт.

 

Се вчитува...