Бутел е најактивниот клуб на домашната ракометна сцена со планирањето на ростерот за наредната сезона. По неколкуте потпишани нови засилувања, „бутелците“ се насочија и кон задржување на дел од најдобрите ракометари од минатата сезона.
Последен што потпиша нов договор со скопскиот суперлигаш е голманот Бојан Блажески, кој уште две години ќе биде дел од Бутел, каде ќе биде дел од голманскиот тандем заедно со новото засилување Градимир Чаневски.
„Од самото постоење сум член на Бутел. Минав четири години , бев присутен на сите порази и победи на клубот. Се гледам во Бутел затоа што тука напредувам, учам од поискусните и ги надоградувам недостатоците за успешна кариера. Најдобрите успеси на Бутел допрва следуваат и се надевам на поуспешна сезона од ланската“, вели Блажески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА