Најдобриот европски тренер на сите времиња, кој девет пати ја освојуваше Евролигата, Жељко Обрадовиќ по заминувањето од Фенербахче веќе една година одмара од кошарката.
Искусниот српски стратег и во текот на сезоната беше поврзуван со превземање на дел од европските великани, меѓу кои и неговата вечна љубов, Партизан, а сега 61-годишникот повторно проговоре на таа тема.
„Што и да кажам може да се протолкува на овој или оној начин, но можам да кажам, на пример, зар лудоста никогаш не е добра? Кога во 1991 година на 31-годишна возраст на жена ми и кажав дека повеќе не сум играч, туку тренер, чудно ме погледна и ми рече, ‘Добро, седни, одмори се’. Суштината е дека ја знам мојата цена во Европа, но тоа не е пресудно за тоа каде ќе отидам да работам, туку амбицијата… Со луѓето од Партизан сум во постојан контакт и гледам да му помогнам на клубот на секој начин на кој можам, и не само на Партизан туку на сите наши клубови“, изјави Обрадовиќ за НИН.
Жељко Обрадовиќ настапуваше за Партизан од 1984 до 1991 година, а потоа веднаш седна на клупата на „црно-белите“, предводејќи го составот во следните две сезони притоа освојувајќи ја првата Евролига со белградскиот тим пред заминувањето во Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА