ЕКИПА во Букурешт,
Владимир Булатовиќ, Никола Станикевски, Роберт Спасовски (ФОТО)
Македонија намалува на 1-2 на мечот против репрезентацијата на Украина во 2. коло од групата Ц на Европското првенство.
По одличниот шут на Александар Трајковски кој заврши во пречката, Горан Пандев најбрзо стигна до топката по што беше фаулиран од Караваев за пенал на нашата репрезентација. Голманот Бишчан успеа да го сопре пеналот кој го изведе Езгијан Алиоски, но за среќа топката се одби кај нашиот бек кој успеа да го матира голманот на Украинците.
Голот на Алиоски и пеналот врз Пандев можете да ги погледнете на следниот линк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА