Димитриевски брани пенал – Македонија се уште во игра против Украина (ВИДЕО)

ЕКИПА во Букурешт,

Владимир Булатовиќ, Никола Станикевски, Роберт Спасовски (ФОТО)

Столе Димитриевски успеа да одбрани пенал и да ја остави Македонија во игра на мечот против Украина од второто коло од групата Ц на Европското првенство.

Даниел Аврамовски играше со рака по еден слободен удар на Украинците од десната страна, по што главниот судија на мечот по консултација со ВАР досуди пенал за Украина.

Сепак, нашиот голман интервенираше одлично на шутот на Малиновски со што ја остави Македонија се уште во игра во овој меч.

Одбранетиот пенал на Столе Димитриевски може да го погледнете на следниот линк. 

Се вчитува...