ЕКИПА во Букурешт,
Владимир Булатовиќ, Никола Станикевски, Роберт Спасовски (ФОТО)
Македонија го забележа и вториот пораз на Европското првенство откако денеска во Букурешт загуби од Украина со 1-2. Селекторот на репрезентацијата на Украина, Андриј Шевченко вели дека иако Украина била подобар противник, Македонија покажала голем карактер на овој меч.
„Многу е емотивно да си дел од Европско првенство. Рамнотежата на екипата може да се смени во секој момент. Одигравme одлично во прво полувреме, но во вториот дел нашата грешка и подарениот пенал можеше да не чини. Тука дојде нашата нервоза. Имавме неколку шанси да стигнеме до трет гол, но не успеавме да ги искористиме шансите. Македонија ги искористи нашите грешки и одиграа одлично. Покажаа одличен карактер на овој меч“, изјави Шевченко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА