Пенал-проклетството на ЕВРО 2020: Промашени четири од првите пет удари од единаесет метри

Досудениот пенал е речиси сигурен гол во светот на фудбалот, но искуството од ЕВРО 2020 е нешто поинакво, откако дури четири од првите пет удари од белата точка кои беа досудени на овој европски шампионат не беа реализирани.

Само на денешниот натпревар меѓу Македонија и Украина имаше две такви ситуации, најпрвин Алиоски не успеа од единаесет метри, но за среќа ја смести одбиената топка во мрежата, за подоцна и Малиновски да добие иста шанса, но украинскиот ас не го најде патот крај Столе Димитриевски до мрежата.

Со ова продолжи и серијата на промашувања откако вчера Герет Бејл биеше крајно непрецизно од белата точка против Турција, а првиот промашен пенал беше дело на Хојбјерг, на дуелот меѓу Данска и Финска.

Единствениот фудбалер кој прецизно реализираше пенал во досегашниот дел од ЕВРО 2020 е Кристијано Роналдо, кој ја смести топката во мрежата во 87. минута од мечот со Унгарија.

Се вчитува...