Ешли Јанг ќе стави крај на својата авантура во Интер откако искусниот бек реши да се врати назад во ПРемиер-лигата, прифаќајќи ја понудата за двогодишен договор со Астон Вила.
Договорот на Јанг со Интер истекува на крајот од месецот, па иако новиот тренер Симоне Инзаги замоли за време пред да донесе одлука дали да му понуди нов договор на англискиот интернационалец, 35-годишниот ветеран сепак беше решен да се врати назад во татковината. Тој најпрвин преговараше со Ватфорд и со Барнли, но кога пристигна понудата на Астон Вила, Јанг без многу размислување ги договори деталите и се согласи на камбек на „Вила Парк“, стадионот на кој настапуваше до 2010 година.
Тој мина пет сезони во дресот на Астон Вила, одигрувајќи 190 средби и постигнувајќи 38 погодоци, пред во 2011 година да се пресели во Манчестер Јунајтед во трансфер вреден 17 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА