Хрватскиот фудбалски селектор Златко Далиќ е оптимист пред дуелот со Чешка во второто коло од групата Д на Европското првенство.
Репрезентацијата на Хрватска загуби од Англија на „Вембли“ со 1-0 во првото коло, додека Чешка ја победи Шкотска со 2-0.
„Секој пораз е тежок за секого и остава последици. Не е лесно да се поднесе. Но, знаеме дека сè е во наши раце, атмосферата е добра. Јас сум оптимист. Мора да играме поофанзивно, со трчања и да напаѓаме по крилните позиции. Момчињата се свесни дека мора да победиме. Не гледам проблем по тоа прашање, ние сме мотивирани и максимално подготвени“, рече Далиќ.
Натпреварот Чека и Хрватска ќе биде одигран денеска во Глазгов со почеток од 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА