Норвешката фудбалска федерација в недела ќе донесе конечна одлука околу најавуваниот бојкот на Мундијалот во Катар 2022. Драматичните услови под кои работат ангажираните работници на стадионите се причина за овој потег на норвешкиот национален тим. Норвешките репрезентативци носеа маици во знак на протест пред своите квалификациски натпревари, а Норвешката федерација беше доследна во нејзиното верување дека турнирот не треба да се одржува на тоа место.
ФИФА најавува контра-санкција, односно планира да ѝ забрани на Норвешка да учествува на Светското првенство 2026 година.
Просекот на загинати мигранти кои работат на стадионите и другите проекти, се искачи на бројката дванаесет. Организаторите пред почетокот на првенството направија план за изградба на седум нови стадиони и неколку други згради.
Во соопштението на ФИФА се додава дека исто така може да бидат отстранети сите финансии за норвешкиот фудбал, доколку се донесе одлука за бојкот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА