П-О-Б-Е-Д-Н-И-Ц-И…. на ЕВРО 2020 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонските навивачи се најголемите победници од седумдневната наша приказна во Букурешт на дебитантското учество на европските првенства.

Незаборавни глетки македонските фанови им сервираа и на Букурешт, и на Романија и на цела Европа, испраќајќи силна порака за силното спортско расположение на Македонецот. Без ниту еден инцидент за седум дена царување на улиците во Букурешт, беспрекорен однос и на трибините на националната арена и на крајот максимална поддршка за фудбалерите кои, објективно, и покрај поразите со очигледна желба, борба, жар на терен им се оддолжуваа на фановите.

На крајот, по вчерашниот дуел со Украина, фановите и со аплауз ги испратија фудбалерите кон Амстердам каде ќе треба единствено да ја бранат честа, своја и на македонскиот фудбал…

 

 

Се вчитува...