Елмас не сака Пандев да се пензионира: „Но, ако е ова последен меч за бате Горан, тогаш да победиме за него“

Еден од најдобрите македонски фудбалери, Елиф Елмас, личноста која во иднина треба да го понесе лидерството во националниот тим како наследник на Горан Пандев, го коментираше и најавеното пензионирање за капитенот на македонската репрезентација.

Елмас не сака Пандев да се повлече од националниот тим на кој се уште му е потребен, но вели дека ако е тоа така и натпреварот против Холандија во понеделник му е последен во репрезентативниот дрес, тогаш сака да го испратат со победа.

„Секако, секој од нас сака да биде со нас и во иднина затоа што сите гледаме колку е важен за репрезентацијата а не чекаат и квалификации за СП. Но, ако против Холандија е последен натпревар за бате Горан тогаш сигурно сакаме да го испратиме со победа. Не знам што претходно кажал, не знам какви се плановите, но ако ова е последен меч тогаш ќе направиме се да го завршиме со победа, без разлика што Холандија е голем фаворит“ – истакна Елмас на денешниот брифинг со македонските медиуми во Амстердам.

Се вчитува...