Реми на Австрија и Украина во последното коло од групната фаза во Групата Ц, во која е и Македонија на ЕВРО 2020, ќе им донесе на двете селекции пласман во осминафиналето.
Па, во светските медиуми веднаш почнаа со сомнежите дека ќе се повтори „најсрамниот натпревар во историјата“ кој во 1982 година на СП во Шпанија го одиграа Западна Германија и Австрија.
Австријците знаеја тогаш дека сигуро продолжуваат понатаму ако загубат со два гола разлика, а можеа да ги исфрлат соседите од натамошното натпреварување со реми или со победа. Германците победија со 1-0, во според многумина договорен меч, и потоа стигнаа до финалето.
Сега повторно се отвора една таква тема пред средбата во понеделник меѓу Австрија и Украина во Букурешт.
„Најдобро да не ја отвораме таа тема“ – изјави претседателот на австрискиот сојуз Лео Виндтнер за лондонски „Гардијан“ пред дуелот со Украина.
Со реми, ако се погледне ситуацијата и во останатите групи, двете селекции најверојатно ќе продолжат во осминафиналето.
„Не мислам дека на овој натпревар ќе има такво решение. Не би било прикладно да се излезе на терен и да знаете од почеток дека играте на бод“ – дополни Виндтнер.
А, на прашањето дали Австрија по секоја цена ќе оди на победа против Украина, Виндтнер со одговор:
„Најважно е да се стигне до целта, без разлика како ќе се стигне до неа. А тоа е пласман во осминафиналето“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА