ЕКИПА во Амстердам,
Роберт Спасовски (ФОТО)
По 20 години настап во репрезентативниот дрес, Горан Пандев денеска на официјалната прес-конференција на „Јохан Кројф арената“ во Амстердам соопшти дека утрешниот натпревар против Холандија ќе биде неговиот последен во репрезентативниот дрес.
Иконата на македонскиот фудбал става точка на репрезентативната кариера, па емотивни моменти и пред официјалниот тренинг на македонската селекција денеска на „Јохан Кројф арената“ во Амстердам. Секој се обидува да дојде и до последните заеднички фотографии со капитенот во репрезентативниот дрес како добро сеќавање на моментите кога Македонија предводена од Пандев дојде до историскиот пласман на едно големо натпреварување…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА