Јунајтед нема намера да крене раце од Погба – „Црвените ѓаволи“ со нова мега-понуда на Французинот

Пол Погба е на добар пат да стане најплатениот играч во Премиер лигата. Манчестер Јунајтед подготви петгодишен договор за францускиот играч за врска, според кој тој би добивал 400 илјади фунти неделно.

Неговиот сегашен договор истекува во јуни следната година, а тимот од „Олд Трафорд“ сака да ја обезбеди својата иднина и Французинот да остане во нивните редови.

Погба беше поврзуван со неколку тимови кои сакаат да го ангажираат. Неговиот агент наводно разговарал со челниците на ПСЖ, додека желбата на одличниот играч е Реал Мадрид. Сепак, со ваква понуда реално е да остане во Манчестер.

Во моментов Погба заработува нешто помалку од 300 000 фунти неделно. Тој запиша шест погодоци и девет асистенции на 42 натпревари за Јунајтед оваа година.

Се вчитува...