Репрезентацијата на Шпанија не успеа да забележи победа во првите два натпревари. Тие се едно од најголемите разочарувања во досегашниот дел од шампионатот, бидејќи во првите две кола двапати ремизираше против Шведска 0-0 и Полска 1-1.
Иако досега единствениот гол за „фуријата“ го постигна Алваро Мората, тој е на голем удар на јавноста на Пиринеите.
„Мората не смее да одигра ни минута повеќе за националниот тим. Тој не е фудбалер кој инспирира. Со својата игра тој прави сите што го гледаат мечот ги тера да заспијат“, стои во шпанските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА