Еден од оние кои го одбележуваат Европското првенство 2020 е Робин Госенс, Германецот кој добрата форма од Аталанта ја пренесе и во националниот дрес притоа постанувајќи еден од главните играчи на својата репрезентација.
26-годишникот го одигра натпреварот на кариерата против актуелниот европски шампион Португалија, а победата од 4-2 ја закити со еден гол и две асистенции. Добрите настaпи го ставија Госенс на радарот на неколку европски великани меѓу кои и Барселона.
Како што пренесуваат германските медиуми, агентот на Госенс веќе започнал разговори со каталонскиот гигант за трансфер од 35 милиони евра. Доколку истиот се оствари тоа ќе биде уште една прекрасна фудбалска приказна на играчот кој никогаш нема заиграно во Бундеслигата, а во Аталанта пристигна за сума од еден милион евра.
Three points, two assists, one goal 🤩 A star performance from Germany’s marauding wing-back Robin Gosens 🔥@Heineken | #EUROSOTM | #EURO2020 pic.twitter.com/AzTzHlIHZQ
— UEFA EURO 2020 (@EURO2020) June 19, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА