ЕКИПА во Амстердам,
Роберт Спасовски (ФОТО/ ВИДЕО)
Повеќе од 2.000 македонски фанови ќе бидат присутни на „Јохан Кројф арената“ во Амстердам како поддршка за македонската репрезентација на последниот меч од ЕВРО 2020, против Холандија.
И се на трибините е во знакот на Горан Пандев. Од најмало до најстаро се присутни во желбата да искажат благодарност за капитенот за целокупниот негов придонес за македонскиот фудбал изминативе 20 години.
Веќе завладуваат црвено-жолтите бои на една од најубавите арени во Европа, се во поддршка за прв позитивен резултат на Македонија на Европското првенство 2020.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА