„Шпалир“ за „Гранде“ на последниот меч за Македонија (ВИДЕО)

Горан Пандев доби „шпалир“ од соиграчите по излегувањето од теренот во 69. минута од мечот против Холандија. Како што најави и претходно ова за него беше последен натпревар во дресот со националните бои, а на најдобар можен начин беше испратен од своите соиграчи.

Покрај репрезентативците на Македонија, аплаудираше целата „Јохан Кројф арена“, меѓу кои и беше поранешниот соиграч од златните денови на Интер, Весли Снајдер“.

 

Се вчитува...