Македонија со пораз од Холандија од 3-0 го заврши настапот на Европското првенство 2020. Иван Тричковски по мечот изјави дека им се заблагодарува на соиграчите што направија се тој да го оствари сонот и да заигра на едно големо натпреварување.
„Ова е едно посебно искуство за сите нас. За жал го завршивме на овој начин, но кога ќе земеме во една целина треба да бидеме горди за се што направивме. Овие момци го заслужуваат тоа. Оваа младина е иднинаната на оваа репрезентација и сум горд на нив што на моја возраст ми овозможија да го остварам сонот од детството. Имавме шанси, да ми беше признаен голот ќе беше поинаку натпреварот. Горди сме и гледаме напред“, изјави Тричковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА