ЕКИПА во Амстердам
Македонскиот селектор Игор Ангеловски по крајот на Европското првенство остави, околу анализите што можеме да очекуваме и од кои фудбалери во иднина во репрезентативниот дрес, да одлучуваат оние кои ќе го наследат на селекторското столче.
„Мислам дека по крајот на Европското првенство, кога ќе се намалат емоциите, ќе дадеме генерална оценка дали ги исполнивме очекувањата. Рековме дека сакаме втор круг, но ете, мислам дека не треба да бидеме разочарани затоа што ова беше наш дебитантски настап. Го пробивавме мразот со ова учество и може само да кажам дека генерално сме задоволни“ – истакна Ангеловски.
Пред настапот на ЕВРО 2020 најавивте дека оваа Македонија може и многу повеќе од само учество на Европско првенство и дека одиме на пласман во втор круг. Но, Македонија заврши без бод со само два постгнати гола и осум примени, очигледно не исполнувајќи ги резултатските очекувања.
„Па, нормално е како тренер и селектор да поставите таква цел пред настап на едно Европско првенство. Поставивме цел, ете резултатски не успеавме но оставам оние кои ќе дојдат по мене да прават и подетални анализи околу тоа кој од фудбалерите овде на ЕВРО задоволи кои потфрлија“ – рече Ангеловски.
На крајот селекторот Ангеловски се заблагодари за поддршката на сите, истакнувајќи дека ова за него е последна прес-конференција како селектор.
„Сакам да се заблагодарам на македонската јавност за поддршката за се досега. Да се заблагодарам на Пандев и на овие момци што ни овозможија една ваква радост. Ова е моја последна професионална обврска како селектор на Македонија, и последна прес-конференција како селектор. Мојот договор со ФФМ завршува и не верувам дека ќе продолжам со националниот тим“ – рече Ангеловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА