Холандскиот дефанзивец, Дејли Блинд по натпреварот со Македонија говореше за ситуацијата со Кристијан Ериксен кој колабираше на првиот меч на Данска на шампионатот против Финска. Блинд кој игра со дефибрилатор, имаше слична животна приказна како асот на Данска.
„По мојот инцидент цел свет ми рече дека мојата кариера е готова. Но, погледнете каде сум сега? Сите треба да го остават Кристијан на мир. Многу ми пречи кога луѓето ќе кажат дека неговата кариера е готова. Не знаат колку боли да го чуеш тоа“, изјави Блинд.
Блинд и Ериксен играа заедно во Ајакс во периодот од 2008 до 2010 година
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА