Организаторите на Олимписките игри во Токио планираат да дозволат продажба на алкохол на посетителите на Олимпијадата, а таквата одлука наиде на големо противење од локалното население, на кое им беше забрането да одат во кафеани со цел да спречат ширење на коронавирусот.
Максимално десет илјади навивачи ќе можат да бидат присутни на трибините, а одлуката за послужување алкохол сè уште не е дефинитивно донесена.
„Владата неодамна ги олесни мерките, па затоа достигнавме квази-вонредна состојба. Служењето алкохол е дозволено во Токио, но само во некои делови каде што има големи барови … Најголемиот проблем е нееднаквиот третман – кината, на пример, се забранети, а спортските настани се дозволени“, стои во соопштението на една организација.
Четвртиот бран на коронавирусот во Јапонија го достигна својот врв на почетокот на мај, а во вторникот беа пријавени 435 нови случаи на заразата во целата земја. Вакцинацијата се забрзува во оваа островска земја, па веќе 18 проценти од граѓаните примиле барем една доза од вакцината против Ковид-19.
Introducing the #Tokyo2020 Olympic and Paralympic Village! pic.twitter.com/gPfUNkTlYi
— #Tokyo2020 (@Tokyo2020) June 20, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА