Раководството на Барселона работи на планот за составување на тим кој ќе го врати каталонскиот клуб на врвот на Шпанија и Европа, а по поведувањето на Гарсија, Агуеро, Депај и Емерсон, клубот сега погледите ги насочи кон Адама Траоре.
Шпанецот одрасна во академијата на Барселона од каде во 2015 година замина на „Островот“ во редовите на Астон Вила, а веќе неколку сезони настапува за Вулверхемптон. 25-годишникот не се прослави во претходната сезона во која забележа скромни два гола и три асистенции, но неговите физички предиспозиции се доволен мотив за клубот од „Камп Ноу“ да се активира за овој трансфер во текот на летово.
„Сите знаат дека Барселона е мојот дом. Си заминав рано, но доколку се укаже шанса за враќање секако дека сакам да ја искористам“, изјави неодамна Адама Траоре.
Вулверхемптон го проценува Траоре на 30 милиони евра кои со оглед на финансиската криза се преголем залак за каталонците, но Лапорта ќе се обиде да го ангажира крилниот играч со размена. Имено, како што пренесуваат шпанските медиуми, Барселона на Англичаните ќе го понуди талентираниот Франциско Тринкао.
Доколку англискиот клуб се сложи на овој трансфер, Тринкао ќе ја дополни португалската колонија на која од следната сезона ќе ја предводи Бруно Лаге.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА