Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез наводно веќе ги договорил личните услови со Ерлинг Халанд, кој се согласил на трансфер, но сега последниот збор ќе го има тимот од Германија, Борусија Дортмунд.
„Милионерите“ бараат вртоглави 175 милиони евра обештетување за норвешкиот голгетер. Тоа е премногу дури и за еден од најбогатите клубови во светот, како Реал Мадрид, кој ќе се обиде да ја спушти оваа сума.
Двата клуба имаат добра соработка, бидејќи изминативе години Ашраф Хакими и Рејнер од Мадрид се преселија во Дортмунд. За Бундеслигашот е подобро да го продаде Халанд ова лето, бидејќи следното ќе биде активирана клаузулата во неговиот договор, според која тој ќе може да си замине доколку некој клуб плати 75 милиони евра.
Инаку, Халанд изминатата сезона постигна 41 гол на 41 натпревар за Дортмунд во сите конкуренции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА