Раководството на Рома, тимот што ќе го води португалскиот тренер Жозе Мурињо следната сезона, испрати понуда до поранешниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос. Договорот на 35-годишникот со Реал истекува и веќе е потврдено дека тој нема да ја продолжи соработката со „кралскиот клуб“.
„Волчицата“ му понуди на Рамос плата од 7,5 милиони евра годишно, што е за 12 милиони помалку отколку што тој заработуваше во Реал.
Рамос пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ во 2005 година од Севилја. Во меѓувреме, тој освои се што можеше да се освои, вкупно 22 трофеи – пет Ла Лига, два Копа дел Реј, четири Лиги на шампиони, Клупски шампионати на ФИФА и Суперкуп на Шпанија и три Суперкупа на Европа и се здоби со статус на легенда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА