Алиоски без казна од ФА за инцидентот против Барнли

Фудбалската асоцијација на Англија по детална истрага потврди дека македонскиот репрезентативец, Езгјан Алисоки нема да добие казна за гестикулацијата кон играчот на Барнли на дуелот помеѓу оваа екипа и Лидс кој беше одигран на 15. мај на „Турф Мур“.

Станува збор за гестикулација која од играч на Барнли е оценета како дискриминаторна, меѓутоа во разговор со Алисоки, Македонецот објаснил дека станувало збор за имитирање на „плачко“, нешто за што играчот на Барнли го обвинил претходно.

По деталната анализа и прегледување на снимките, Фудбалската асоцијација на Англија донесе одлука дека не станува збор за дискриминација и македонскиот репрезентативец нема да подлежи под казна.

Се вчитува...