Повредата што Осман Дембеле ја заработи на дуелот меѓу Франција и Унгарија дефинитивно е од сериозен карактер, па крилниот офанзивец на „триколорите“ не само што предвреме го заврши настапот на ЕВРО 2020, туку ќе биде принуден да го пропушти и стартот на новата сезона со тимот на Барселона.
Деталните прегледи покажаа дека станува збор за незгоден проблем со коленото, а Дембеле по консултациите со неколку специјалисти денеска донел одлука да замине на операција. Весникот Л’Екип објави дека хируршкиот зафат ќе биде изведен во текот на оваа седмица, но потоа ќе следи период од рехабилитација од најмалку четири месеци.
Ова сериозно ја компликува ситуцијата за Барселона, која се обидуваше да го продаде Дембеле во овој преоден рок, бидејќи неговиот договор истекува на крајот од сезонав. Цената на крилниот офанзивец дефинитивно ќе падне по оваа повреда, а дел од заинтересираните клубови (Јувентус и Ливерпул) би можеле да почекаат до крајот на годинава, па потоа на почетокот од 2022 да потпишат преддоговор за да го осигураат неговиот потпис без никаква отштета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА