Стефан Ристовски е еден од оние играчи кои ќе го понесе товарот на лидер во наредниот период, по завршувањето на репрезентативната кариера на досегашниот капитен Горан Пандев. Нема сомнеж дека десниот бек на Динамо Загреб е подготвен за такво нешто, Ристовски беше еден од ретките кои отворено проговорија дека лично очекувал подобри резултати за време на ЕВРО 2020.
Тој во објава на социјалните мрежи јавно му се заблагодари на досегашниот селектор Игор Ангеловски за сето она што го стори за македонскиот национален тим и за самите фудбалери.
„Шефе наш, ми текнува со вашето доаѓање на чело на селекторската функција на првиот состанок кога го одржавме ни се обрати со следново… Дечки мојата цел е ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО… Си кажав… што збори човеков…
Но вие и ние тоа го остваривме… ЕУРО 2020.
Фала ти што не обедини да се чувствуваме како едно големо семејство.
Фала што верувавте во нас дека имаме и ние квалитет да играме на едно вакво големо натпреварување.
Фала што ја обединивте цела Македонија да се чувствува горда на овој голем успех.
И фала што ни овозможи да се чувствуваме горди Македонци“, напиша Ристовски, под заедничката фотографија со Ангеловски.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА