Тениската репрезентација на Македонија стигна и до вториот убедлив триумф во четврттата група во Дејвис купот откако по вчерашниот триумф над Косово, денеска славеше со максимални 3-0 и против Андора.
Калин Ивановски во првиот меч со 6-2 и 6-2 беше убедлив против Демијен Желаберт. Во вториот меч Горазд Србљак му дозволи само еден гем на Червос Нгер (6-0 и 6-1), додека во дубл Марковски и Мицов беа убедливи со 6-1 и 6-1 против Трилја и Желаберт.
Утре во третото коло Македонија игра против Сан Марино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА