„Пенал-реми“ на Франција и Португалија, Германија некако се извлече со Унгарија (ВИДЕО)

Франција и Португалија одиграа реми без победник 2-2 во натпреварот од 3. коло во групата Ф на Европското првенство. Во еден фестивал на пенали, Роналдо донесе водство од 1-0, а до полувремето Карим Бензема исто така од белата точка израмни на 1-1.

Истиот фудбалер 47. минута донесе водство од 2-1 за „галските петли“, додека конечните 2-2 ги постави Кристијано Роналдо повторно од пенал во 60. минута. Со овој гол Роналдо се израмни на вечната листа со Иранецот Али Даеи со 109 репрезентативни гола.

Германија некако успеа да се извлече против Унгарија и на крајот да одигра реми 2-2. Унгарците на два пати имаа водство и беа многу блиску до пласман во нокаут фазата, но сепак Леон Горецка со голот во 84. минута беше херој за „панцирите“.

На крајот Франција завршува прва пред Германија и Португалија.

 

 

 

Голот на Леон Горецка можете да го видите на следниот линк.

 

 

 

Се вчитува...