Младинските репрезентации до 18 и 20 години на меѓународен турнир во Скопје ќе се подготвуваат за „Челинџерите“

Младинските кошаркарски репрезентации до 18 и 20 години во подготовките за престојните „Челинџ“ натпревари на ФИБА ќе се подготвуваат со силен меѓународен турнир кој ќе се одржи во Скопје, а на него ќе настапат колеџ селекција на САД, Бугарија и Украина.

Како потсетување селекцијата до 20 години од 20. до 25. јули ќе настапи во Шопрон, Унгарија, додека селекцијата до 18 години ќе разигрува во Скопје од 3. до 8. август.

Меѓународниот турнир кој ќе биде одигран во СРЦ „Кале“ ќе се одржи помеѓу 4. и 10. јули.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

4.ЈУЛИ-18.00: Македонија У20 – САД колеџ селекција

5.ЈУЛИ-18.00: Македонија У18 – САД колеџ селекција

6.ЈУЛИ-20.00: Македонија У20 – Украина

7.ЈУЛИ-18.00: САД колеџ селекција – Македонија У20

7.ЈУЛИ-20.30: Украина – Бугарија

8.ЈУЛИ-18.00: Македонија У20 – Бугарија

8.ЈУЛИ-20.30: САД колеџ селекција – Украина

9.ЈУЛИ-18.00: Украина – Македонија У18

9.ЈУЛИ-20.30: Бугарија – САД колеџ селекција

10.ЈУЛИ-20.30: Македонија У20 – САД колеџ селекција

Се вчитува...