Капитенот на фудбалската репрезентација на Холандија, Џорџињо Вајналдум говореше за гостопримството на унгарските навивачи во Будимпешта, каде „лалињата“ ќе го играат осминафиналниот меч против Чешка на Европското првенство. Тој вели дека во еден момент може да се случи да побара да го напуштат теренот доколку има расистички испади на тамошните навивачи.
„Размислував за тоа. Можеби ќе го направат тоа кога ќе излеземе на теренот. Ќе мора да разговараме со судијата. Можеби ќе одлучам да го напуштиме теренот“, изјави Вајналдум.
Веќе имаа расистички испади навивачите на Унгарија, навредувајќи ги првите две ѕвезди на Франција, Килијан Мбапе и Карим Бензема.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА