УЕФА го укина едно од најстарите фудбалски правила

УЕФА денеска донесе историска одлука, откако беше укинато едно од најстарите и најконтроверзни фудбалски правила во историјата – за предност на гол постигнат на гостински терен.

Европската куќа на фудбалот објави дека правилото за гол на гости се укинува за сите натпреварувања што се играат под „капата“ на УЕФА. Доколку двете средби завршат со вкупен нерешен резултат, ќе се играат продолженија од двапати по 15 минути. Ако ниту тогаш нема победник, патникот во следната рунда ќе се решава со пенал-рулет.

Головите на гостински терен нема да бидат критериум ниту за одредување на пласман во групната фаза. Досега важеше правилото дека доколку два тима имаат ист број на бодови, иста гол-разлика и меѓусебен дуел, решавачки е токму бројот на постигнати голови на гостински терен. Со новото правило на УЕФА, тоа се укинува.

Се вчитува...