Марко Арнаутовиќ само неколку дена по инцидентот со Езгијан Алиоски на мечот со Македонија и одлежаната суспензија од еден натпревар си најде нов клуб, враќајќи се назад во европскиот фудбал по авантурата во дресот на Шангај СИПГ.
Италијанскиот прволигаш Болоња ќе биде новиот тим на корпулентниот голгетер, откако управата на „болоњезите“ успеа да му ја исполни желбата на тренерот Синиша Михајловиќ. Токму темпераментниот стратег инсистираше Арнаутовиќ да биде доведен меѓу „болоњезите“, но проблем претставуваше фактот дека тој се уште имаше валиден договор со Шангај. Австриецот сепак успеа да се договори за раскин на тој договор, по што како слободен играч потпиша тригодишен договор со Болоња.
Овој трансфер претставува враќање на Арнаутовиќ во италијанскиот фудбал, каде во периодот од 2009 до 2010 година го носеше дресот на Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА